Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Кога си бев јас работник

Кога си бев јас работник,
љубев богато девојче,
ми беше мило, премило,
го љубев страсно, безумно.

Во една мајска си вечер
отидов право при неа,
јас ѝ побарав раката,
та ми затвори вратата.

- Бегај ти, бегај од тука,
јас сум богато девојче,
барај си лика, прилика,
ти си за мене одлика.

Отидов право в меана,
нарачав шише ракија,
да пијам, да се опијам,
јадови да заборавам.

Уште си шише не кренав,
некој одзади ме гушна,
тивко и нежно ми рече:
- Врати се либе при мене.

- Бегај ти, бегај од тука,
ти си богато девојче,
барај си лика, прилика,
јас си за тебе одлика.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ансамбл Билјана - Кога си бев јас работник
  2. Зоран Марковски - Кога си бев јас работник

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ансамбл Билјана
  2. Зоран Марковски