Махмут се спрема за турско

- Махмут се спрема за турско
бела Фетије, око калешо
и тебе те вика да одиш.
- Не можам Махмут да дојдам,
Махмут делија, Махмут терзија,
оти јас турски не знаам.

- Ја ќа ти купам алајке,
бела Фетије, јоко калешо,
алајке емфер џумланке.
Низ Стамбол да те рашетам,
бела Фетије, око калешо,
низ таа Капул Чаршија.

- Не можам Махмут да дојдам,
Махмут делија, Махмут терзија,
дури не го женам Асима.
Дури не го женам Асима,
Махмут делија, Махмут терзија,
Асима, ем Нурадина.


(Друга верзија)

Магмут се готви во турско,
бела Ветија, око шарено,
и тија ќе дојдеш со него,
бела Ветијо, со око шарено,
во турско да те однесем,
бела Ветијо, ј'око шарено,
во пампур да те рашетам.

- Магмуте, Магмут терзија,
ја не ти идем, Магмут, во турско,
не знајем турски да зборим,
море, Магмуте, Магмут терзија,
во пампур ќе ме заборајш.

- Ја ќе ти ватим алајка,
вела Ветијо, око шарено,
алајка и терџуманка,
шо сакаш да ти искупим.

- Ја не ти идем во Турско,
море Магмуте, Магмут терзија,
дур не оженим, Ашима,
море Магмуте, Магмут терзија,
дур не му идем ќиткара,
море Магмуте, Магмут терзија,
дур не му заучим манеста.

- Во турско ќе те однесем,
бела Ветијо, око шарено,
во свила ќе те овијем,
бела Ветијо, око шарено,
во алтен ќе те окујем.
Забелешка: Терзија е кројач. Алајка е слугинка. Стамбол е Истанбул. Капул чаршија е најверојатно Капали чаршија (Kapalıçarşı), познатиот голем покриен пазар во Истанбул. Пампур означува или воз на пареа, или пароброд. Алтан (алтен) е златник.