Болна легнала Милка мамина

Болна легнала Милка мамина,
болна легнала, болна ќе умре.

Милкини друшки рано ранили,
рано ранили, двори измели.

Милкини друшки рано ранили,
рано ранили, вода донели.

Милкина мајка во двори чека,
во двори шета и тихо плаче.