Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Сношти си поминав покрај ваш'то порте

Сношти си поминав
покрај ваш'то порте,
тебе не те најдов Стевке
на порте да стоиш.

На порти да стоиш
цвеќе да набереш,
цвеќе да набереш, Стевке,
букет да наредиш.

Букет да наредиш,
мене да испратиш.
Мене да испратиш, Стевке,
оти војник ќ' одам,
оти војник ќ' одам, Стевке,
време три години.

Прво писмо дојде,
Стевка се разболе,
Стевка се разболе, џанам,
за лудото младо.

Второ писмо дојде,
Стевка ми оздраве.
Стевка ми оздраве, џанам,
за лудото младо.

Трето писмо дојде,
Стевка се посврши,
Стевка се посврши, џанам,
за лудото младо.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - Сношти си поминав покрај ваш'то порте

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева