Сношти си мори мамо отидов
на студен, бистар, мамо, кладенец,
еј, моме еј, моме еј, моме убаво,
еј, моме еј, моме еј, моме убаво.
Таму си мамо мори завадив
девојче тенко, мамо, високо,
еј, моме еј, моме еј, моме убаво,
еј, моме еј, моме еј, моме убаво.
На студен камен, мамо, седеше,
руса си коса, мамо, чешлаше,
еј, моме еј, моме еј, моме убаво,
еј, моме еј, моме еј, моме убаво.
Руса си коса, мамо, чешлаше,
на мене шарет ми даваше,
еј, моме еј, моме еј, моме убаво,
еј, моме еј, моме еј, моме убаво.
Иди ја, мамо мори, посакај,
за неа да се мамо оженам,
еј, моме еј, моме еј, моме убаво,
еј, моме еј, моме еј, моме убаво.
Сношти си мори мамо отидов
- Драгица Николова, Никола Бадев
- Сестрите Мавровски
- Драган Таневски, Сузана Спасовска
- Александар Сариевски, Анка Гиева
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
- Драгица Николова, Никола Бадев - Сношти си мори мамо отидов
- Сестрите Мавровски - Сношти си мори мамо отидов
- Драган Таневски, Сузана Спасовска - Сношти си мори мамо отидов
- Александар Сариевски, Анка Гиева - Сношти си мори мамо отидов
Performers
See more songs featuring audio samples by: