Никола Бадев (8 август 1918, Глишиќ, Кавадарци – 25 септември 1976, Скопје) — македонски пејач на народни песни, како и собирач на народни песни.
Никола Бадев е роден на 8 август 1918 година, во кавадаречкото село Глишиќ, во земјоделско семејство. Мајка му се викала Сута. Со неполни десет години започнал скришум да свири на виолина, а во неговата музичка наобразба многу му помогнал вуко му Васил Неделков, кој како самоук музичар свирел на повеќе инструменти.
Во 1948 година, Бадев го освоил првото место на Фолклорниот фестивал во Скопје, оставајќи голем впечаток кај етномузикологот Васил Хаџиманов по чија препорака во 1950 година ја започнал професионалната кариера како пејач и инструменталист на тамбура. Набргу станал член на Народниот оркестар, а подоцна бил и негов раководител. Забележан од истакнатите етномузиколози, Бадев за кусо време станал член на Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“.
За потребите на Радио Скопје, Бадев снимил над 500 песни, меѓу кои најпознати се: „Збогум, мајко, јас отидов“, „Ој, Јано, Јано“, „Параходот ми пристигна“, „Тешка беше нашата разделба“, „Билјана платно белеше“, „До три ми пушки пукнаа“, „Ферман дојде џанам од Стамбола“ итн. Притоа, тој снимил дуети со повеќе македонски пејачи, како: Анка Гиева, Васка Илиева, Есма Реџепова, Благој Петров - Караѓуле, Александар Сариевски и други.

The table below lists songs that feature recordings made by Никола Бадев. Click on a song name to see the lyrics and more info, or click on a download link to play the corresponding audio sample.