Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ах мори мајко

Ах мори мајко, што не ме мажиш,
што ми не бараш лика, прилика?
Уште ли ќе седам на разбојот
уште ли ќе белам бело платно?

Марике, ќерко, не се будали,
ја земи си ја метлата,
па измети рамни дворја
и навади зумбул цвеќе!

Оздола иде лудо младо,
лудо младо с' коњ дорија,
ќе ти рече: - „Добро утро,
добро утро, лично Маре“.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Анка Гиева, Никола Бадев - Ах мори мајко

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Анка Гиева
  2. Никола Бадев