Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Како што е таа чаша

- Како што е таа чаша полна со вино,
како што е таа чаша полна со вино,
така е и мојто срце полно с' јадови,
така е и мојто срце полно с' јадови.

Дај да пијам, мила мајко, да се опијам,
дај да пијам, мила мајко, да се опијам,
јадовите, мила мајко, да заборавам,
јадовите, мила мајко, да заборавам.

- И да пиеш, мили сине, фајде си немаш,
и да пиеш, мили сине, фајде си немаш,
ја земи си, мили сине, пушка берданка,
па си појди, мили сине, в' гора зелена.

Там' ќе најдеш, мили синко, верна дружина,
там' ќе најдеш, мили синко, верна дружина.
Борба води, мили сине, за слобода,
за слобода, мили сине, за Македонија.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Александар Сариевски - Како што е таа чаша
  2. Петранка Костадинова - Како што е таа чаша
  3. Mitan Project - Како што е таа чаша
  4. Słowianki - Како што е таа чаша
  5. Драгица Николова, Никола Бадев - Како што е таа чаша
  6. Цветанка Ласкова - Како што е таа чаша
  7. Ѓорѓи Желчевски, Кевсер Селимова - Како што е таа чаша
  8. Лихнид банд - Како што е таа чаша
  9. Јанко Неделчев - Како што е таа чаша

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Александар Сариевски
  2. Петранка Костадинова
  3. Mitan Project
  4. Słowianki
  5. Драгица Николова
  6. Никола Бадев
  7. Цветанка Ласкова
  8. Ѓорѓи Желчевски
  9. Кевсер Селимова
  10. Лихнид банд
  11. Јанко Неделчев