Што си толку, Лено, гајлелија

- Што си толку, Лено, гајлелија,
гајлелија Лено, мераклија, аман,
со главата, Лено, преврзана?
Дали мајка, Лено, ти е болна,
или браќа, Лено, ти се болни, аман,
или сестра, Лено, ти умрела?

- Ниту мајка, Климе, ми е болна,
шест недели, Климе, болна лежам, аман,
ти не дојде, Климе, да ме видиш.
Ти не дојде, Климе, да ме видиш,
понадица, Климе, да донесиш, аман,
понадица, Климе, жолта дуња.

- Дојдов, дојдов Лено, до портата,
ме сретнаја, Лено, твојте браќа аман,
ми рекоја, Лено, си оздравела.
Моли бога, Лено, и господа,
Ставре да си оди Америка, аман,
да работи, Ставре, во фабрика.

Тогаш ние, Лено, ќе се зејме,
голем живот, Лено, ќе живејме, аман,
со јадење, Лено, со пиење.


# # # (Друга верзија) # # #


- Што си толку гајлелија,
а бре лудо младо,
гајлелија, мераклија,
глава преврзано?

- Как да не сум гајлелија,
а бре лудо младо,
шест недели болна лежам,
при мене не дојде?

Понудица да донесеш,
а бре лудо младо,
понудица, жолта дуња
и тиквешко грозје.

- Си отидов на нивата,
а бре лудо младо
дрво има, дуња нема,
понуда не носам,
лозје има, грозје нема,
понуда не носам.