Виолета Томовска (родена во 1945 година во Битола) — македонска пејачка на забавна и народна музика.
Виолета Томовска потекнува од музичко семејство. Основното образование го завршила во Битола, каде учествувала во сите музички секции во училиштето и свирела на мандолина, а подоцна станала и член на КУД „Илинден“ - Битола. Во 1959 година се запишала на Учителската школа во Скопје и се зачленила во КУД „Орце Николов“.
Од 1959 до 1963 година секојдневно вежбала клавир со нејзиниот вујко Благој Петров - Караѓуле и со нејзината тетка Блага Петрова - Видец. Уште од млади години, таа имала можност да работи со доајените на македонската музика. Во текот на својата кариеа, ги посетила сите земји каде што има македонски иселеници.
Во 1960 година настапила во радиоемисијата „Микрофонот е ваш“ и добила прва награда, што за неа претставувал поттик за понатамошна работа, а со тоа ѝ се остварила желбата да работи во Радио Скопје. Веднаш потоа, Александар Џамбазов за неа ја напишал песната „Пелистерски очи“ со која станала многу популарна.
Во 1961 година Виолета Томовска започнала да настапува со оркестарот на Радио Скопје, а во 1963 година, за првпат снимила песна во Холивуд, во филмско студио, песната „Судбо, судбино“. Наредната 1964 година, снимила плоча со ансамблот „Танец“ како дует Крнчева - Манчевски во РТВ Белград. За кратко време плочата станала хит (златна плоча), а тие двајца станале ексклузивци на куќата. Снимила 15 сингл плочи и многу ЦД-а.

The table below lists songs that feature recordings made by Виолета Томовска. Click on a song name to see the lyrics and more info, or click on a download link to play the corresponding audio sample.