Битола, бабам Битола

Битола, бабам Битола
таму се живот живее.
Таму се живот живее,
таму се јаде и пие.

Битола, мајска природа,
Битола рајска градина,
со лични моми убави,
на лице бели црвени.

Битола бабам Битола,
кој ми те тебе проколна?
Да раѓаш моми убави,
да горат сите беќари.

Крепи се буцо, крепи се,
мене ме пијан пак носат.
Мене ме пијан пак носат,
низ битолските чикмаци.

Крепи се буцо, крепи се
Битола да ја шетаме.
Битола да ја шетаме,
дур' да си пајтон најдиме.