Сношти минав крај рајската градина

Сношти минав, сношти минав
крај рајската градина.
Tам' си најдов, таму најдов,
два букета рајски цвет.

Не ми биле, не ми биле
два букета рајски цвет,
тук' ми биле, туку биле
двајца млади вљубени.

Јас ги питам, јас ги питам:
- Што е мило на светот,
дали пари, или имот,
или искрена љубов?

Ак' ме питаш, ак' ме питаш
што е добро на светот,
ниту пари, ниту имот,
само искрена љубов.

Парите се, парите се,
како слана пред сонце.
Имотот е, имотот е
имотот е до негде.
Љубовта е, љубовта е,
љубовта е до гроба.


(Друга верзија)

Сношти минав, сношти минав
покрај ваш'то градинче,
там си најдов, там си најдов
до два ѓула ц'внати.

Не ми биле, не ми биле
до два ѓула ц'внати
тук ми биле, тук ми биле
до две души вљубени.

Ем се љубат ем се грлат
ем си тихо зборуват
љубовта е, љубовта е
љубовта е отровна.
Меракот е, меракот,
меракот е до гроба.