Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Бело лице љубам јас

Бело лице љубам јас
и да љубам и да гледам
фајде нема, ле душо моја.
Шеќерна, ти калеша неверна.

Црни очи љубам јас,
и да љубам и да гледам
фајде нема, ле душо моја.
Шеќерна, ти калеша неверна.

Гајтан веѓи љубам јас,
и да љубам и да гледам
фајде нема, ле душо моја.
Шеќерна, ти калеша неверна.

Медно усте љубам јас,
и да љубам и да гледам
фајде нема, ле душо моја.
Шеќерна, ти калеша неверна.