Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Љубов голема

За многу години Македонци

Кај што сонцето рано изгрева,
таму росата цвеќе милува.
Кај што птицата љубов опеа,
солзи радосници срца топеа.

Гледај прекрасно сино езеро,
овде љубовта нема граници.
Гледај ливада, цветна рамнина,
овде бре песната е одамнина.

За многу години Македонци, каде и да сте,
за многу години, мој народе на Македонија.
Со љубов сега да наздравиме, љубов голема,
за вечна да ѝ биде среќата на Македонија.
Ееј, љубов голема, ееј, и непреболена.
Ееј, љубов голема, ееј, за Македонија.

Овде меракот срца изгоре,
овде виното души отвори.
Овде момите се за љубење,
момчиња, времето не е за губење.

За многу години Македонци, каде и да сте,
за многу години, мој народе на Македонија.
Со љубов сега да наздравиме, љубов голема,
за вечна да ѝ биде среќата на Македонија.
Ееј, љубов голема, ееј, и непреболена.
Ееј, љубов голема, ееј, за Македонија.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Виолета Томовска, Наум Петрески - Љубов голема

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Виолета Томовска
  2. Наум Петрески