Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Кој што ме чуе да пеам

Кој ќе ме чуе да пеам,
тој мисли тага јас немам.
Јазе си пеам, веселам
тагите да ми поминат.

Оздола иде либето
со двајца верни другари,
либето ми беше трендафил,
другари беа гранчиња.

Јазе на либе му зборувам:
- Дојди ми либе до вечер,
дојди ми либе до вечер,
јас ќе те чекам под пенџер.

Либе ми вели зборува:
- Не можам либе да дојдам,
не можам либе да дојдам,
јас си заљубив друго либе.