Што е чудо станало

Што е чудо станало
во таа пуста Гуменџа,
војводите врвеа, калдрми се тресеа,
војводите врвеа, калдрми се тресеа.

Најнапред ми врвеше
тој ми стари Апостол,
и по него врвеше тој Иванчо војвода,
и по него врвеше тој Иванчо војвода.

Што им вели Апостол:
- Тивко, тивко, момчиња,
да не чујат шпиони, шпиони чорбаџиски,
да фатиме пусија, пусија Гевгелија.
Забелешка: Во чест на војводите Иванчо Гевгелиски и Апостол Петков.