Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Тешка беше нашата разделба

(Збогум мила дојде време)

Збогум мила дојде време
јас од тебе да се разделам.
Јас пак беден роден сум без к'смет
сè со мака, тага голема.

Тешка беше нашата разделба,
кога тргнав од својот роден крај.
Мојте солзи патот го топеа,
по патот за непознат крај.

Дојдов тука како јабанџија,
далеку од својот роден крај.
Срце плаче нигде среќа нема,
тежок гурбет тага голема.
Срце плачи нигде среќа нема,
тежок гурбет в' туѓа туѓина.

Ако бог дај јас да се вратам
тебе Стојне да те прегрнам.
Да ти кажам мојте маки,
мојте маки, таги големи.