Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Црно му било пишано на Александар Турунџе

Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајсгодишен војвода,
на седумнајста го фатија.

Го турија во зандани,
во тие тесни долапи,
чифте белегзии на раце,
и дробен синџир на гуша.

Телеграм дојде од Стамбол
за Александар Турунџе,
да си ја види невестата
и својте дробни дечиња.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
за сто и пеесет жолтици,
на тие клети душмани.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Никола Бадев - Црно му било пишано на Александар Турунџе
  2. Петранка Костадинова - Црно му било пишано на Александар Турунџе
  3. Наум Петрески - Црно му било пишано на Александар Турунџе
  4. Панде Коминовски - Пашата - Црно му било пишано на Александар Турунџе
  5. Гоце Арнаудов - Црно му било пишано на Александар Турунџе
  6. Диме Поповски - Црно му било пишано на Александар Турунџе
  7. Ѓорѓи Серафимов - Црно му било пишано на Александар Турунџе
  8. Ванчо Дојранлиев - Црно му било пишано на Александар Турунџе
  9. Непознат изведувач - Црно му било пишано на Александар Турунџе

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Никола Бадев
  2. Петранка Костадинова
  3. Наум Петрески
  4. Панде Коминовски - Пашата
  5. Гоце Арнаудов
  6. Диме Поповски
  7. Ѓорѓи Серафимов
  8. Ванчо Дојранлиев
  9. Непознат изведувач