Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Црнеј горо, црнеј сестро

Црнеј горо, црнеј сестро,
двајца да црнејме,
ти за твојте лисја, горо
јас за мојта младост.

Твојте лисја, горо сестро
пак ќе ти се вратат
мојта младост, горо сестро,
нема да се врати.

Мене мајка ме посврши
преку три планини,
што не сакав, горо сестро,
на пат да го сретнам.

Дење оди, горо сестро,
по твојата шума,
ноќе оди, горо сестро,
по бели друмови.

Сношти ми донесе, горо
братовата рака,
јас ја познав, горо сестро,
по златниот прстен.

Црнеј горо, црнеј сестро
двајца да црнејме,
ти за твојте, лисја горо,
јас за мојта младост.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Група Кода, Белинда Ристевска - Црнеј горо, црнеј сестро

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Група Кода
  2. Белинда Ристевска