Денес над Македонија

(Химна на Република Македонија)

Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата.
Македонците се борат
за своите правдини.

Одново сега знамето се вее
на Крушевската Република,
на Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански.

Горите македонски шумно пеат
нови песни, нови весници:
Македонија слободна,
слободно живее!


(Верзија од 1989 до 1991 година)

Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата,
Македонците се борат
за својте правдини.

Не тажи Македонијо мајко мила
крени глава гордо, високо
Македонија слободна
слободна ќе живее.

Одново сега знамето се вее
над Крушевската Република
на Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански.

Горите македонски шумно пеат
бојни песни, нови весници
Македонија слободна
слободно живее.


(Изворна верзија од 1941 до 1989 година)

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата.
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало.

Горите македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонците се борат,
за своите правдини.

Одново сега знамето се вее,
(Од гроб станаа славните ѕидари*)
на Крушовската република.
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански.

Не плачи Македонијо мајко мила,
крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободна ќе живее.
Забелешка: Текст: Владо Малески
Музика: Тодор Скаловски

* Првична верзија од стихот, подоцна заменет со „Одново сега знамето се вее“.