Оро се вие крај манастирот

Оро се вие крај манастирот,
оро се вие кај манастирот.
Да идам, Гано моме, да видам
да идам, Гано душо, да играм.

Првото оро сè млади момчиња,
првото оро сè млади момчиња.
Да идам, Гано моме, да видам,
да идам, Гано душо, да играм.

Другото оро сè млади моми,
другото оро сè млади моми.
Да идам, Гано моме, да видам,
да идам, Гано душо, да играм.

Третото оро сè млади невести,
третото оро сè млади невести.
Да идам, Гано моме, да видам,
да идам, Гано душо, да играм.