Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Фатила зима

Фатила зима, зима голема
зима голема, снег до колена
покрила гора, гора зелена
гора зелена, шума бујата.

Запаша Стојна бомби, фишеци
бомби, фишеци, шмајзер на рамо.
Тргнала Стојна во гора зелена
во гора зелена, шума бујата.

Таму ги најде нејните другари
нејните другари, млади партизани
нејните другари, млади партизани
нејните другарки, млади партизанки.

- Еј вие другари, млади партизани
млади партизани, млади партизанки
дали го видовте моето братче
моето братче и моето либе?

- Ние ги видовме твоето братче
твоето братче и твоето либе
ние ги видовме во Прилепа града
борба водеа со фашистите.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Весели прилепчани - Фатила зима
  2. Оркестар Трајко Прокопиев - Фатила зима

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Весели прилепчани
  2. Оркестар Трајко Прокопиев