Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ленка пиши бела книга

Ленка пиши бела книга [х2]
бела книга, бела книга
црно писмо.

Ќе го прати во Стамбола [х2]
во Стамбола, во Стамбола
кај брата и.

Ај ти Спире мило брате [x2]
како знаеш, како знаеш
дома да дојдиш.

Ти е болна невестата [х2]
невестата, невестата
Ангелина.

Јавна Спире брза коња [х2]
брза коња, брза коња
ал дорија.

Да ја види невестата [х2]
невестата, невестата
Ангелина.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Непознат изведувач - Ленка пиши бела книга

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Непознат изведувач