Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ка се заљубиле до две луди млади

Ка се заљубиле, бре џанам
до две луди млади.
До две луди млади, леле, двете аџамии,
до две луди млади, леле, двете аџамии.

Мома момче лажи, бре џанам
мома момче лажи.
Мома момче лажи, леле, со белото лице,
мома момче лажи, леле, со белото лице.

Момче мома лажи, бре џанам
момче мома лажи.
Момче мома лажи, леле, со црвено јаболко,
момче мома лажи, леле, со црвено јаболко.

Ка си ги видела, бре џанам,
момчевата мајка:
- Лажи, сине, лажи дете, дома да донесиш,
за тебе промена, леле, на мајка одмена.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Воденки - Ка се заљубиле до две луди млади
  2. Зоран Џорлев - Ка се заљубиле до две луди млади

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Воденки
  2. Зоран Џорлев