Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Либе ле, либе убаво

- Либе ле, либе убаво,
зошто си ми налутено?
Зошто си ми налутено,
зошто си ми расплакано,
зошто ти не ми зборуваш
и во очи не ме погледнуваш?

- Либе ле, либе сакано,
сношти си појдов на вода.
Сношти си појдов на вода
со мојте мили другарки,
крај твојте порти поминав
за да те либе јас видам.

Тебе те либе не видов,
туку ја видов мајка ти.
Туку ја видов мајка ти,
мајка ти на порти стоеше,
мене ме резил правеше
пред мојте верни другарки,
мене ми она велеше:
- Доста ми вртиш крај порти.

- Либе ле, мое убаво,
не си ја слушај мајка ми.
Не си ја слушај мајка ми,
мајка ми е стара, не знае,
не може куќа да гледа,
ти со мене куќа ќе гледаш
и со мене век ќе векуваш.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - Либе ле, либе убаво
  2. Костадин Гугов - Либе ле, либе убаво
  3. Лили Цветкова - Либе ле, либе убаво
  4. Ирина Паскалева - Либе ле, либе убаво

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева
  2. Костадин Гугов
  3. Лили Цветкова
  4. Ирина Паскалева