Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Земи оган запали ме

Зошто либе ме остави,
друго момче си заљуби?
Среќа, радост ми зеде,
мене младо заборави?

Земи оган запали ме
да се сторам пепел,
не можам без тебе да живеам.

Многу ноќи не заспивам,
спокој в' душа јас немам,
со уста те колнам,
а во срце пак те љубам.

Земи оган запали ме
да се сторам пепел,
не можам без тебе да живеам.

Ти за други се омажи,
в' туѓа земја си отиде.
Само една желба имав:
уште еднаш да те прегрнам.

Земи оган запали ме
да се сторам пепел,
не можам без тебе да живеам.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Цар Самуил - Земи оган запали ме

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Цар Самуил