Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Земјо Македонска

Земјо Македонска, уважавам те,
земјо Македонска,
земјо турско-ропска Македонијо
уважавам те.

Уважавам твојте Македонијо
гори високи,
горите, висојте
и во теб' херојте Македонијо
што ги раѓаш ти.

По теб' се белеат Македонијо,
безбројни стада,
стадата белеат
а гроздови зрејат Македонијо,
по твој ридови.

Ништо не те плаши Македонијо,
на овој бели свет,
кој душман ќе влезе
жив нема да излезе Македонијо,
ти го ставаш в гроб.


(Друга верзија)

Земјо Македонска чудна си на глед,
земјо Македонска,
земјо турско-ропска Македонијо
уважавам те.

Уважавам твојте Македонијо
гори високи,
горите, висојте
и во тебе геројте Македонијо
што ги раѓаш ти.

Убава си мила мајко
Македонијо,
стада се белеат
лозјата вирејат
ти ни даваш сè.

Ништо не те плаши
Македонијо,
кој душман влегол
тој жив не излегол Македонијо,
ти го клаваш в гроб.

Земјо Македонијо
наша татковино
Македонијо!