Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Еј девојко, бела и црвена

- Еј девојко, бела и црвена,
што си толку бела, бела и црвена.

Дал си зима в' Солун зимувала,
дал си лете под шатор, шатор летувала?

- Еј девојки, мои мили друшки,
не сум зима в' Солун зимувала.

Ни сум в' лето под шатор седела,
туку мајка така ме родила.

- Еј девојко, бела и црвена,
бела и црвена, толку убава.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!