Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Видов мома во одајата

Видов мома, видов мома, леле, во одајата,
каде ми се, каде ми се, леле, променуват.
Ќе продавам сета стока,
туку таја да си земам.

Мома велит, мома велит, леле, мома говорит:
- Ој ти лудо, ој ти лудо, леле, лудо младо,
ако сум ти наречано,
само тебе ќе ти дојдам.

Ќе ти пруснам, ќе ти пруснам, леле, во дворчето,
како кревка, како кревка, леле, еберица.
Ќе ти седнам на софрата,
как' шарена препелица.

Ќе ти легнам, ќе ти легнам, леле, во постељата,
како кротко, како кротко, леле, рудо јагне.
Ќе ти легнам во постела,
како кротко рудо јагне.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!