Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Не љуби мене моме

- Денес сум овде, моме, утре ќе одам,
на чужда земја, моме, на чужд виљает.

- Каде ќе одиш, лудо, ќ' идам со тебе,
сејмен пред тебе, лудо, баш буљукбаша.

- Не можиш д’ идеш, моме, и ти со мене,
тамо ми имат, моме, тесни дервени.

Тесни дервени, моме, земски сејмени,
'е те познаат, моме, во руса коса.

- Купи ми купи, лудо, црвен пештамал,
да си завијам, лудо, русата коса.

- Не можиш д’ идеш, моме, и ти со мене,
ќе те познаат, моме, во бели гр'ди.

- Купи ми купи, лудо, црвен џамадан,
да си завијам, лудо, беливе гр'ди.

- Не љуби мене, моме, не губи себе,
оти сум туѓин, моме, туѓин јабанец.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!