Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Македонско да заиграме

Со векови сме играле,
со векови сме пееле
и со песна и со оро,
маки сме заборавале.

Кавали, гајди, дај засвирете
песна македонска да запееме.
Да се чуе на сите страни, еј македонски
села, полиња и градови,
до високите планини.
Зурли и тапани дај загрмете,
земја македонска да се затресе,
тешко оро македонско да заиграме,
тешки маки македонски да заборавиме.

Под ова небо македонско,
во оваа земја убава,
песнопојци, играорци,
секогаш се раѓале.

Кавали, гајди, дај засвирете
песна македонска да запееме.
Да се чуе на сите страни, еј македонски
села, полиња и градови,
до високите планини.
Зурли и тапани дај загрмете,
земја македонска да се затресе,
тешко оро македонско да заиграме,
тешки маки македонски да заборавиме.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Јордан Митев - Македонско да заиграме

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Јордан Митев