Каде ќе идеш, Еленко дадо,
каде ќе идеш, Еленко дадо?
На доле ќ' идам терзиче младо
шума ќе берам терзиче младо.
Што ќе ти шума, Еленко дадо,
што ќе ти шума, Еленко дадо?
буби ќе рана, терзиче младо
свила ќе точа, терзиче младо.
Што ќе ти свила, Еленко дадо,
што ќе ти свила, Еленко дадо?
Саи ќе права, терзиче младо,
ти ќе 'и шиеш, терзиче младо.
Кој ќе 'и носи, Еленко дадо
Кој ќе 'и носи, Еленко дадо?
Јac ќе 'и носа, терзиче младо,
ти ќе ме гледаш, терзиче младо.
Каде ќе идеш, Еленко дадо
Забелешка: Терзија (турски: terzi) е кројач.
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
- Борис Грковски, Петранка Костадинова - Каде ќе идеш, Еленко дадо
- Ансамбл Малешевска китка - Каде ќе идеш, Еленко дадо
- Распеани каменичани - Каде ќе идеш, Еленко дадо
Performers
See more songs featuring audio samples by: