Филизој моме, Филизо

Филизој моме, Филизо
малој моме,
излези на пенџерето, ај
да ти го видам лицето.

Да ти го видам лицето,
малој моме,
што лице носиш на тебе, ај
дали прилега за мене.

На слика да го сликувам,
малој моме,
в' тефтерот да го наредам, ај
в' тефтерот да го наредам.

В' тефтерот да го наредам,
малој моме,
за кога да одам на војска, ај
за кога да одам на војска.

Ко ќе ми текне за тебе,
малој моме,
тефтерот да го отворам, ај
меракот да ми помине.
Забелешка: * Филиза: турска позајмица, значи фиданка или ластарка, во овој случај означува млада личност.