Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Се решив да се женам

Се решив да се женам,
дури сум уште млад
и тргнав мома да барам,
од род голем богат.

Да биде убавица
да знае да чита,
пијаното да пишти
под нејзини раце.

Не помина многу време
и јас се оженив,
си најдов таква мома
што барав по светот.

Од првин беше ангел,
ангел на овој свет,
од ангел се претвори
вистинска сатана.

Ми почна шапка да носит,
да одит шантиклер,
кафани да ангажират
по две до три на ден.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ансамбл Билјана - Се решив да се женам
  2. Група Сарај - Се решив да се женам

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ансамбл Билјана
  2. Група Сарај