Заспала Јана, Јанинка

Заспала Јана, Јанинка, леле
заспала Јана, Јанинка
на мајкино си колено,
на мајкино си колено.
Заспала Јана, Јанинка
на мајкино си колено.

Мајка ја Јана будеше, леле
мајка ја Јана будеше:
- Стани ми ќерко, Јанинке
денес се, ќерко, не спие,
стани ми ќерко, Јанинке
денес се, ќерко, не спие.

- Пукнала, мајко треснала, леле
пукнала мајко, треснала,
што бев си слатко заспала
и сладок сон сонувала.
Што бев си слатко заспала
и сладок сон сонувала.

На сон дојдоа три луди, леле
на сон дојдоа три луди,
три луди, три аџамии,
три луди, три аџамии.
На сон дојдоја три луди
три луди млади момчиња.

Први ми даде јаболко, леле
први ми даде јаболко,
втори ми даде злат прстен,
втори ми даде злат прстен.
Први ми даде јаболко,
втори ми даде злат прстен.

Втори ми даде злат прстен, леле,
втори ми даде злат прстен,
трети ме мене целува,
трети ме мене целува.
Втори ми даде злат прстен,
трети ме мене целува.

Тој што ми даде јаболко, леле
тој што ми даде јаболко
зелен да биде как' него,
зелен да биде как' него.
Тој што ми даде злат прстен,
низ него да се провира.

Тој што ме мене целувна, леле
тој што ме мене целувна
дај ми го Боже, дај, дај, дај
со него век да векувам.
Со него век да векувам,
со него да се ќердосам.