Разболела се Ленка Пингова

Разболела се, разболела се
разболела се, разболела се
Ленка Пингова
разболела се, разболела се
Ленка Пингова.

Над глава ѝ седи
над глава ѝ стои
стара ѝ мајка.

- Кажи ми Ленче, кажи ми душо
кажи ма Ленче, кажи ма душо,
од што си болна?

- Јазе сум болна, јазе сум болна
јазе сум болна, јазе сум болна
за прво либе.

Јас ќе си умрам, јас ќе си умрам
јас ќе си умрам, јас ќе си умрам
рано в недела.

Да го викнете, да го викнете,
повикајте го, повикајте го
Коле Велковио.

Дарувајте го, дарувајте го
дарувајте го, дарувајте го
бовчалак невезен.

И напијте го, и напијте го,
и напијте го, и напијте го
вино црвено.
Забелешка: Песната е инспирирана од вистинит настан кој се случил во 1924 година, кога убавата штипјанка Ленка Пингова (родена во 1902 година) починала од туберкулоза, тажна поради невозвратената љубов од Коле Велков. Видео прилогот Вистинитиот настан за песната „Разболела се Ленка Пингова“ од Александар Донски ја расветлува оваа љубовна трагедија.