Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ајде кога појдов

Ајде кога појдов, мила мамо,
коњ да појам на кладенец.
Море там' си најдов едно моме,
едно моме, лично убаво.
На, на, на, на, ла, ла, ла, ла.

Ајде очите ѝ черешови
лицето ѝ јасно с'нце.
Мори учи мајко, поучувај,
што да правам да го земам?
На, на, на, на, ла, ла, ла, ла.

Ајде не лудувај, мили синко,
не лудувај по момето.
Море момето е посвршено
во комшии, за Ѓорѓија.
На, на, на, на, ла, ла, ла, ла.

Ајде ќе го грабам, мила мамо
ќе го грабам од Ѓорѓија.
Мори ќе го носам во одаја
во одаја на диванот.
На, на, на, на, ла, ла, ла, ла.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева, Благој Петров - Караѓуле - Ајде кога појдов

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева
  2. Благој Петров - Караѓуле