Кога тргнав Цвето

Кога тргнав Цвето за туѓина,
дробни солзи ти ронеше,
дробни солзи Цвето ти ронеше
и во Бога се колнеше.

Дека верна Цвето ќе ми бидеш,
куќа, деца ќе ми гледаш,
но јас Цвето мори верба немав,
бргу назад јас се вратив.

Наш'то порте Цвето затворено,
а децата позаспани.
Ламбичето подзапрено,
а ти Цвето во комшии.

А ти Цвето во комшии,
црно кафе си пиеше,
црно кафе Цвето си пиеше,
благ муабет си правеше.

Како знаеш Цвето, така прави
ти на мене да не мислиш.