Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Јана мома

Јана лична самовила,
бело лице си покрила,
бело лице си покрила,
сини очи насолзила.

На небо ѕвезди килим ткаеа,
на душа ѝ тага плетеа,
оти Јана мома спремаа
другому да ја даваат.

Само една желба голема,
стиска срце како карпа мермерна,
да го види либето што го милува.
Сите солзи што ги пророни,
да се сторат бели птици, гулаби,
да му кажат: - „Мома е Јана убава“.

Јана лична самовила,
болна лежи во постела,
гради бели милува,
гледа слика Стојанова.

На небо ѕвезди килим ткаеа,
на душа ѝ тага плетеа,
оти Јана мома спремаа
другому да ја даваат.

Само една желба голема,
стиска срце како карпа мермерна,
да го види либето што го милува.
Сите солзи што ги пророни,
да се сторат бели птици, гулаби,
да му кажат: - „Мома е Јана убава“.
Да му кажат: - „По него Јана умира“.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Наум Петрески - Јана мома

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Наум Петрески