Јоване море, Јоване

- Јоване море, Јоване
чаршија збори за тебе
дека си добро мајсторче,
мајсторче, добро терзивче.

Еве ти свила коприна,
фустанот да ми сошиеш.
Ако ми грешиш мерката,
дуќанот ќе ти запалам,
со него ти да изгориш
и твоите лични чираци.

- Коконо, мори коконо,
коконо лична, убава,
мерката ти е земена
уште пред две-три недели.

Кога од бања идеше,
сенка во дуќан паѓаше,
тогаш ти мерка зедовме.