Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Свадба македонска

Свадба македонска да направам,
мома Македонка јас да земам,
со дукати, мамо, наредена
и со срма, мамо, накитена.

Моми Македонки песна да запеат,
момци Македонци оро да играат.

Ни другари, мамо, ни роднини
во туѓина свадба не се прави.
Кој орото, мамо, ќе го води
кои сватови, мамо, ќе ми бидат?

Моми Македонки песна да запеат,
момци Македонци оро да играат.

Мерак ми е дома да си дојдам,
браќа, сестри, роднини да видам,
песна македонска да запеам,
оро македонско да заиграм.

Моми Македонки песна да запеат,
момци Македонци оро да играат.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Благица Калева, Перо Христов - Свадба македонска
  2. Влатко Лозаноски - Свадба македонска
  3. Есма Реџепова - Свадба македонска

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Благица Калева
  2. Перо Христов
  3. Влатко Лозаноски
  4. Есма Реџепова