Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Песна за раѓањето на Гоце

(Султана јунак родила)

Песни се слушаат весели,
Кукуш се крева на гости,
Никола срце разврзал,
Султана јунак родила.

Пламен е Гоце в пелени,
сокол му љуља лулката,
над глава три самовили,
песни му пеат јуначки.

- Расни ми, Гоце, порасни,
славен ти јунак да станеш,
народот ти да го водиш
в' борба за света слобода.

- Со твојта верна дружина,
со душман ти да се биеш,
чумата да ја истераш
од жална Македонија.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Бапчорки - Песна за раѓањето на Гоце
  2. Васка Илиева - Песна за раѓањето на Гоце

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Бапчорки
  2. Васка Илиева