Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Заљубил Димо три моми

Заљубил Димо три моми,
три моми Димо од три села.
Сите ги моми засакал,
една му била на срце.

Првата беше Орданка,
на лика лична убава.
На снага тенка, висока,
без неа Димо не може.

Другата беше Драганка,
Драганка мома убава.
Со очи црни, маслинка,
без неа Димо не може.

Третата беше Јованка,
никој од рода немала.
Со душа била богата,
таа му била на срце.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Танец - Заљубил Димо три моми

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Танец