Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Болка за Нерет

Стари сме ќерко печалбари,
пеесет долги, тешки години,
имаме пари ќерко, куќи и коли,
гледаме внуци, ама друго нè боли.

Болка за Нерет ќерко носам на душа,
цел век ја носам ќерко, в туѓа туѓина
цел живот пусти Грци не ми дадоа,
да си го видам Нерет, не ме пуштија.

Уште ни зборот не докажа,
заплака тивко тетка Фанија:
- Еднаш да појдев ќерко, село да видев
на свои блиски мртви, свеќи да палев.

Болка за Нерет ќерко носам на душа,
цел век ја носам ќерко, в туѓа туѓина
цел живот пусти Грци не ми дадоа,
да си го видам Нерет, не ме пуштија.
Забелешка: Нерет (грчки: Πολυπόταμο, Полипотамо) е село во Република Грција, во околината на Лерин, Западен регион.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Непознат изведувач - Болка за Нерет
  2. Aidonia tis Florinas - Болка за Нерет

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Непознат изведувач
  2. Aidonia tis Florinas