Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Песна за Караџата

Облак се вие, орлите пиштат,
планини пеат за Караџата.
Запеј ми, запеј Кожув планино
старата песна за Караџата.

Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде је Македонија?
Ето таму горе, Кумановско поле
Охрид, Битола, дур' до Пирина.

Шчици се бичат, спици се прават,
на Македонци во нокти клават,
в' огинот гори, железо се топи,
на Македонци под мишки клават.

Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде е Македонија?
Ето таму долу, Прилеп, Кавадарци
Неготино, Дојран, дур' до Солуна.

Ај нека знаје цела Европа,
до каде е Македонија:
ето тамо горе, Тетовско поле,
Гостивар, Струга, дур' до Кичево.

Има ли уште кој да не знае
каде е Македонската земја?

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ансамбл Билјана - Песна за Караџата

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ансамбл Билјана