Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

В' недела дојде лудо младо

В' недела дојде лудо младо
у нас на гости.
Седе два дни, седе три дни
седеше недела.
Па си тргна да си оди
в' туѓа туѓина.

Лудо младо не оди в' туѓина,
лудо младо, остани лудо младо при мене.

Не ме кани лудо младо
при теб' да седам,
мене чека стара мајка
и стари татко.

Лудо младо земи ме со тебе,
лудо младо, не можам лудо младо без тебе.

Јас не можам да те земам
тебе со мене,
јас си имам друго либе
и машко дете.

Младој моме не оди по мене,
малој моме, не жали мило моме за мене.
Лудо младо, земи ме со тебе,
лудо младо, не можам лудо младо без тебе.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - В' недела дојде лудо младо
  2. Васка Илиева - В' недела дојде лудо младо
  3. Кевсер Селимова, Ѓорѓи Желчевски - В' недела дојде лудо младо

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева
  2. Кевсер Селимова
  3. Ѓорѓи Желчевски