Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Бегала ми е Благуна

Бегала ми е Благуна,
бегала ем си плакала.
Селани трчаат по неа:
- „Постој, Благуно, не бегај,
постој, Благуно, не бегај,
кој ми те тебе налути“?

Селани, браќа да ми сте,
јас да ви кажам маките,
јас имам мака голема,
од најмалото деверче.

Оно ми вели, говори:
- „Брат ми не иде од туѓина,
ај да се с' тебе земиме!“
Затоа бегам и плачам.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - Бегала ми е Благуна
  2. Владимир Кузов, Даниел Спасов - Бегала ми е Благуна

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева
  2. Владимир Кузов
  3. Даниел Спасов