Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Собрале ми се набрале

Собрале ми се набрале
седумдесет млади момчиња
на кондиската рамнина
во таа ладна меана.

Лута ракија пиеја
тешко си клетва зедоја:
- Кој ќе се, браќа, разболе,
на раце да го носиме.

Разболел ми се млад Гоце
млад Гоце Делчев војвода
и на дружина говори:
- Дружино верна зговорна.

Кога ќе вие минете
низ мојта града Кукуша,
на мајка да ѝ кажете
оти сум младо загинал,
оти сум младо загинал,
за жална Македонија.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Танец - Собрале ми се набрале
  2. Костадинка Палазова - Собрале ми се набрале
  3. Костадинка Палазова - Собрале ми се набрале
  4. Благоја Николовски - Собрале ми се набрале

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Танец
  2. Костадинка Палазова
  3. Благоја Николовски