Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Голема свадба во село

Голема свадба во село, леле,
голема свадба во село.
Женил се Петре војвода, леле,
женил се Петре војвода.

Поканил до девет сестри, леле,
поканил до девет сестри.
Десетта сестра не канил, леле,
десетта сестра не канил.

Сам Петре дојде по неа, леле,
сам Петре дојде по неа.
- Ај, дојди сестро на свадба, леле,
ај, дојди сестро на свадба.

- Не можам брату да дојдам, леле,
не можам брату да дојдам.
Тешка ми куќа на глава, леле,
тешка ми куќа на глава.

Машко ми дете на раце, леле,
машко ми дете на раце.
А друго лежи на срце, леле,
а друго лежи на срце.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Петранка Костадинова - Голема свадба во село
  2. Радио студио Скопје, Група Билјана - Голема свадба во село

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Петранка Костадинова
  2. Радио студио Скопје
  3. Група Билјана