Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ја излези Ѓурѓо

Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро,
ја излези Ѓурѓо на пенџере.
Ај, ја излези Ѓурѓо на пенџере.

Да ги видиш Ѓурѓо, да ги видиш сестро,
да ги видиш Ѓурѓо комитите.
Ај, да ги видиш Ѓурѓо кoмитите.

Како одат Ѓурѓо, како одат сестро,
како одат Ѓурѓо ред поред друг.
Ај, ред поред друг, девет реда.

Напред оди Ѓурѓо, напред оди сестро,
напред оди Ѓурѓо бајрактарот.
Ај, бајрактарот Ѓурѓо, Јордан Пиперка.

Право одат Ѓурѓо, право тргат сестро,
право одат Ѓурѓо за Прибилци.
Ај, за Прибилци Ѓурѓо, кај мудурот.

Да ја платат Ѓурѓо, да ја платат сестро,
да ја платат Ѓурѓо вергијата.
Ај, вергијата Ѓурѓо, тригодишна.
Забелешка: Зборот „вергија“ е турцизам и означува давачка, данок. Терминот се користи иронично во песната, бидејќи во Прибилци имало борба меѓу востаниците и турската војска за време на Илинденското востание.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Елита, Цане Николовски - Ја излези Ѓурѓо
  2. Петар Нечовски - Ја излези Ѓурѓо
  3. Next Time - Ја излези Ѓурѓо
  4. Аце Петковски - Ја излези Ѓурѓо
  5. Група Запис, Павле Аксентијевиќ - Ја излези Ѓурѓо
  6. Група Македонија - Ја излези Ѓурѓо
  7. Татјана Лазаревска - Ја излези Ѓурѓо
  8. Македонски мерак - Ја излези Ѓурѓо
  9. Next Time - Ја излези Ѓурѓо

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Елита
  2. Цане Николовски
  3. Петар Нечовски
  4. Next Time
  5. Аце Петковски
  6. Група Запис
  7. Павле Аксентијевиќ
  8. Група Македонија
  9. Татјана Лазаревска
  10. Македонски мерак